EN | IT | ES | GR | SK | RO | MK    

TESEUS Project

TESEUS

Обука за Пртеприемачки вештини за
ЕУ START – UPS (Нови Фирми)

ПОВЕЌЕ
TESEUS

Мапирање

TESEUS е конкретен одговор на специфичните потреби на Почетното Стручно Образование и Обука–ПСОО-(IVET) за воспоставување и овозможување конкретен и ефективен бизнис, на службите за подршка на претприемништвото како и на нивните студенти преку ефективна промоција на Start-Up и отвoрање фирма.

ПОВЕЌЕ
Mapping

Алатки

ТЕСЕУС Алатките се главен резултат на проектот ТЕСЕУС, посебно креирани да дизајнираат, воспостават и менанџираат ефикасни механизми за промоција на старапи и ПСОО механизми за отво рање фирма.

ПОВЕЌЕ
Toolkit

Партнери

ТЕСЕУС вклучува 8 партнери од 7 држави кои претставуват учесници од различни области на СОО ( стручно образование) и други социо-економски сектори (приватно и граѓанско општество).

ПОВЕЌЕ
Partners

МАПИРАЊЕ


ТЕСЕУС Мапирање

ТЕСЕУС е конкретен одговор на специфичните потреби на ПСОО (IVET) во воспоставување и овозможување конкретен ,ефективен бизнис на службите за подршка на претприемништвото како и на нивните студенти преку ефикасна промоција на Stаrt –Up и отворање фирма. ТЕСЕУС се стреми од критичните потреби да направи и имплементира ефективна фасилитација на стартапи на ПСОО (IVET)ниво.

TEСЕУС Мапирањето е високо иновативно бидејќи директно ги вклучува целните групи (ПСОО –IVET менторите/тренерите и студентите) со цел да се осигура дека развиената обука е релевантна,навремена и конкретно поврзана кон нивните специфични потреби. Иновацијата е во произлезен од потребите пристап за вклучување на целните групи во сите фази (анализа на потребите, дефиниција/идентификација на алатките,обука за развој на содржини, испорака на обука). Друга иновација е меѓу- граничен пристап пристап на TEСЕУС Мапирањето кој ќе ги вклучи целните групи од различни економски системи: ова дозволува разликување дали има специфични прашања од земјата и економијата за отворање фирма или има заеднички карактеристики независно од околниот економски ситем.

ИЗВРШНО РЕЗИМЕ И ОСНОВНИ НАОДИ


Република Македонија е земја со стапка на невработеност од 30%. Ова е особено распространето кај младите, руралното население, етничките малцинства и помалку образованите луѓе; па затоа еден од главните предизвици за Република Македонија е да се создаде вработување. Овие предизвици единствено може да се адресираат преку креирање нови работни места а зголемените претприемачки активности на луѓето ќе имаат значително влијание.

Во врска со оваа висока стапка на невработеност во земјата, исто така мора да се земат предвид многуте чинители во формулирањето на политиката во врска со претприемништвото, иновациите, зголемувањето на конкурентноста и развојот на човечкиот капитал што беше формиран со цел да одговори на предизвиците за иднината Претприемништвото е признаено една од најважните теми во модерната економија; сепак, во исто време исто така е познато дека е еден од најкомплексните предмети. Стратегијата за претприемничко учење (ЕЛ) има за цел да ја зголеми довербата на сите за претприемачки потфати на начин што ќе им овозможи да имаат целосна и ефективна улога во идниот развој на економијата и заедницата. Претприемништвото е начин на размислување и станува збор за идентификување на можностите, составување тим, собирање на ресурси, позитивност, еластичност, преземање на ризик и градење на иднината.

Подолу во другите делови од овој документ се главните наоди и главните институции и јавната организација одговорна за ПСОО во Република Македонија. Министерството за економија - е водечка институција , други институции: Министерство за образование и наука, Министерство за култура, Национална мрежа на едукатори за претприемништво, Агенции за развој на МСП (АППРМ и други), Универзитети, Центар за средно стручно образование, организации.

Исто така, ги земаме предвид главните принципи на кои се поставува Националната стратегија за претприемничко учење и сите стратегии и документи кои се на некој начин поврзани со претприемничко учење и како истите се имплементирани во едукацијата на ПСОО студентите.

Исто така најдобрите практики за ПСОО и идните претприемачи се елаборирани на начин за подобро познавање на тоа кој и како е на чело на учењето во ПСОО и како е организиран ПСОО ситемот во нашата земја.

На крај земаме три примери за учење на ПСОО од ЦЕФЕ Македонија, Центарот за едукација и развој SEAVUS (СЕЕДЦ) и среднотоградежно училиште Здравко Цветковски – Скопје.

Copyright © 2018-2021 All Rights Reserved

teseusproject.eu@gmail.com
TESEUS Partner TESEUS Partner TESEUS Partner Super partner
TESEUS Partner TESEUS Partner TESEUS Partner TESEUS Partner

Овој проект е финансиран и подржан од Европската Комисија. Оваа веб страна и нејзините содржини ги одразуваат
само ставовите на авторите и Комисијата не е одговорна за било каква употреба на информаците кои ги содржи.

Erasmus +